Дефанзивецот на Ливерпул, Натаниел Клајн, заработи сериозна повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку шест седмици. Тој ги скина лигаментите на коленото и ќе мора да замине на операција.
Клајн вториот дел од минатата сезона го мина како позајмен играч во Борнмут, а се врати на „Енфилд Роуд“ да се бори за место во тимот кај Јирген Клоп. Но, сериозната повреда сега ќе го оддалечи долго од фудбалот.
Тимот на Ливерпул замина за Њујорк, каде ќе го одигра последниот меч од претсезоната против Спортинг Лисабон, а Натаниел Клајн принудно се враќа во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА