Натпреварите на Црвена Звезда во ЛШ далеку помалку посетени од минатата сезона

На фудбалскиот клуб Црвена Звезда сезонава значајно и паднала посетата на натпреварите во Лигата на шампионите во споредба со минатата сезона. Минатата сезона во Лигата на шампионите просечно на стадионот „Рајко Митиќ“ имало 49.596 луѓе, додека годинава е само 42.836.

Причината за падот на посетеноста е големата цена на билетите кои за српски услови е преголема. На почеток картите се продаваа само во пакет за сите три натпревари, но кога од раководството видоа дека е мала заинтересираноста тие одлучија да ги продаваат и одделно. Меѓу голем број на навивачи се создаде лоша атмосфера, бидејќи се чувствуваа предадено. Доаѓаа да го бодрат клубот во квалификации против неатрактивни противници, помагајќи му на тимот да обезбеди пласман во групната фаза, а кога дојде време да се гледаат квалитетни противници, едноставно сите не можеа да си ги дозволат картите.

Се вчитува...