Научниците тврдат: Дибала не можел да се зарази по вторпат, проблемот е во тестовите

По бројните пишувања дека добар дел спортисти, меѓу кои и фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала, по вторпат е позитивен на Ковид-19 откако претходно се излечил, експертската јавност тврди дека сето тоа е невозможно. А грешката е единствено во тестовите кои не се 100% сензитивни.

Јужнокорејските научници, кои работат во соработката и со италијанските и англиските, по бројни истражувања утврдиле дека една личност не може повторно да го добие вирусот откако претходно закрепнала.

„Позитивните тестови за луѓето кои претходно двапати биле негативни се резултат само на остатоци од коронавирусот кои лежат во нив. Но, тие немаат сила да предизвикаат вторпат заболување. Лица кои закрепнале не може по вторпат да се заразат. Позитивните тестови се само поради тоа што истите не се 100% сензитивни“ – тврдат експертите.

Многу полемика во спортската јавност разви информацијата дека Дибала повторно е позитивен откако претходно беше излекуван. Но, неговата девојка тоа го демантираше нагласувајќи дека информациите се лажни.

Се вчитува...