Навивачите и пропаѓањето на Суперлигата го чини Манчестер Јунајтед 200 милиони фунти

Планот за формирање на фудбалска Суперлига бар засега останува заклучен во фиоките на раководствата на клубовите, но сеуште трае разврската од неговото пропаѓање и проценката на финансиската загуба.

УЕФА претходно објави дека клубовите ќе мораат да соберат вкупно пет милиони евра, а згора на тоа ќе им бидат запрени и пет проценти од профитот што ќе го заработат од настапот во европските купови, но загубите од богатите договори се драстично поголеми.

Таков е и договорот на Манчестер Јунајтед со ‘Хут Груп’, договор вреден 200 милини фунти за десетгодишно спонзорство на тренинг опрема од кој англиската компанија се откажа по бурните протести на навивачите пред „Олд Трафорд“.

 

Се вчитува...