Навивачите на Барса бараат Ракитиќ да си оди: По дебаклот во Ливерпул заминал на журка

Барселона прописно си се посрамоти на „Енфилд“ во Лигата на шампионите. Доживеа пораз од 4-0 за елиминација од Лигата на шампионите. По срамниот натпревар за каталонците, фудбалерите добија два дена слободни од тренерот Ернесто Валверде, а хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се потруди максимално да ги искористи.

Па, веднаш по мечот во Ливерпул, Ракитиќ се упатил во Севилја каде е снимен на ноќни журки. Но, веројатно ништо околу тоа немаше да има проблеми доколку неговите фотографии не се појавија по социјалните мрежи.

Синот на поранешниот претседател на Севилја, со кого Ракитиќ бил на забави, откако ги објави фотографиите потоа ги избриша – но веќе беше доцна. Навивачите на Барселона откако ги погледнале со жестоки навреди „распалиле“ по Ракитиќ. Сега бараат и тој дефинитивно да си замине од клубот по еден таков однос.

Се вчитува...