Навивачите на Барса му приредија пречек на Дембеле кoj никогаш нема да го заборави! (ВИДЕО)

Навивачите на Барселона брутално го навредуваа францускиот фудбалер, Османа Дембеле при доаѓањето на денешниот тренинг на клубот. Французинот жестоко беше дочекан од страна на навивачите по сите проблеми кои му ги направи на клубот изминатиот период.

Дембеле не сакаше да замине од Барселона во јануари, што значи дека на лето ќе замине како слободен фудбалер. Исто така го уценуваше клубот со нов договор. Бараше неверојатна плата додека каталонскиот клуб штеди како би можел да се извади од проблемите.

Кога се појави тој на денешниот тренинг поради сето ова од навивачите доби голем број на пцовки и свирежи.

 

Се вчитува...