Навивачите на Динамо, и покрај забраната од УЕФА, со помош на „Шверцери“ се прошверцуваа на „Тодор Проески“!

Динамо Загреб доби казна од УЕФА поради националистичките скандирања на нивните навивачи „БББ“ на првиот натпревар против Шкупи на „Максимир“ од квалификациите за ЛШ, со забрана за продажба на билети и водење на нивните навивачи на гостувањето во Скопје.

Динамо не смееше да продава билети на своите навивачи, но „БББ“ ги имаше вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Околу 50 хрватски навивачи се снајдоа „прошверцувајќи“ се на македонскиот стадион со помош на навивачите на Шкупи. Преку „Шверцерите“, како што пренесуваат хрватските медиуми, успеале да дојдат до билети кои ги доведоа на трибините на најголемиот македонски стадион.

Навивачите на Шкупи и Динамо Загреб се во добри односи, потврдувајќи го тоа со заедничките скандирања, кои ги доведоа до казна, и уште на натпреварот на „Максимир“.

Се вчитува...