Навивачите на Ливерпул очајни – „Не веруваме дека тоа ќе го кажеме, но ни недостасува Ловрен!“

Еден од најдобрите дефанзивици во светот, Вирџил ван Дајк поради повреда која ја заработи на дербито против Евертон (2-2) ќе го пропушти остатокот од сезоната. Поради тоа менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе има големи проблеми како би ја составил одбраната. Голем дел од навивачите на „црвените“ почнаа да го бараат Дејан Ловрен, фудбалер кој го напушти „Енфилд Роуд“ и премина во Зенит. Иако не им се верува дека некогаш ќе го кажат тоа голем дел од фановите во моментов сакаат некако ако е можно Дејан Ловрен да се врати во нивниот омилен клуб.

„Не верувам дека ова го кажувам, но ми недостига Дејан Ловрен“… „Се чувствувам како ср*ње, но ми недостига Ловрен“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...