Навивачите на Милан во шок: Судијата најпрво им поништи чист гол, а потоа Специја дојде до победа (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Милан и Специја, кој го добија сензационално гостите со 1-2. Но во финишот големи возбудувања, кои донесоа нервоза кај навивачите на Милан.

Најпрво беше постигнат гол од страна на „росонерите“, но судијата наместо да почитува предност, свирна фаул претходно, па така Милан доби само слободен удар. Судијата залудно се извинуваше, тоа не им помогна на фановите на домашниот тим. Од слободниот удар Милан доби корнер, после кој Ибрахимовиќ ја погоди пречката.

Потоа следуваше и нов шок. Специја постигна гол со кој ги освои големите три бода, а навивачите на трибините беа бесни, а својот бес го истурија на социјалните мрежи.

Се вчитува...