Навивачите потпишуваат петиција како би можел Ѓоковиќ да учествува на УС опен

Скоро шест илјади луѓе потпишале петиција во која се бара од властите во Соединетите американски држави да му дозволат на Новак Ѓоковиќ да може да настапи на АТП турнирите во оваа земја.

Новак Ѓоковиќ се уште не е вакциниран па покрај тоа што не настапи на Австралија опен, тој не замина ни на турнирите во Индијан Велс и Мајами.

„Дозволете му на Ѓоковиќ да игра на УС опен“, е насловот на петицијата на која се потпишуваат фановите. 

Се вчитува...