Навивачите се враќаат на стадионите во Англија!

Премиер-лигата потврди дека во последните две кола од сезоната ќе биде дозволено присуство на навивачи на стадионите ширум Англија. По 10.000 домашни фанови ќе имаат право да му дадат поддршка на својот тим во последните два натпревари од тековната сезона.

„По консултација со клубовите се договоривме се уште да не дозволиме присуство и на гостински навивачи на стадионите во Англија. Здравјето и сигурноста на луѓето се уште ни се на прво место и затоа одлучивме во последните две кола да има присуство само на домашни навивачи“, стои во соопштението на Премиер-лигата. 

 

Се вчитува...