НБА: Десет топ тима во најава

Претсезоната во НБА лигата фаќа залет, клубовите ги комплетираат ростерите во пресрет на сезоната, а на повидок се и големи трансфери кои можат да го нарушат фаворитскиот однос. Засега остануваат само шпекулациите, но некои од овие тимови се блиску до посакуваната цел. Во продолжение погледнете ги десетте застрашувачки тима.

10. Чикаго Булс – тимот кој во своите редови има млади таленти како Зек Лавин, може да биде дополнет со Бен Симонс, Дерик Роуз и Кармело Ентони.

9. Минесота Тимбервулвс – доколку дветте супер-ѕвезди, Карл-Ентони Таунс и ДиАнгело Расел доведат играч како Девин Букер повторно ќе имаат „голема тројка“ и ќе конкурираат за висок пласман во западната конкуренција.

8. Торонто Рапторс – НБА шампионот од 2019 година, „балонот“ во Орландо го заврши во четвртфиналето, отсуството на Каваи Ленард беше видливо, па во обид да формираат нов тим за напад на титулата, канаѓаните ќе се обидат да ги потпишат Демар Дерозан и Ламаркус Олдриџ и формираат „голема четворка“.

7. Бостон Слетикс – конференцискиот финалист од Орландо во своите редови ги има Џејсон Тејтум, Џејлен Браун и Гордон Хејвард, а доколку до доведе и Расел Вестбрук, супер-ѕвездата може да биде и играчот кој ќе ги одведе „келтите“ до тронот.

6. Денвер Нагетс – Џамал Мари и Никола Јокиќ остануваат првите ѕвезди во тимот, а доколку успејат да го добијат и Бредли Бил, вториот најдобар стрелец во лигата ќе можат да ги предизвикаат Лејкерс во западното финале.

5. Мајами Хит – финалистот од Орландо има одличен тим и претходната сезона беше на чекор до титула. Доколку Хит се засилат со Дамиен Лилард можат повторно да имаат „голема тројка“ за нова титула.

4. Лос Анџелес Клиперс – Крис Пол шест сезони го носеше дресот на составот од „Ел-Еј“, а доколку повторно се врати во „градот на ангелите“, Каваи Ленард и Пол Џорџ ќе имаат дополнително искуство кое ќе им биде потребно за стабилност.

3. Бруклин Нетс – тимот од Њујорк веќе има „големо трио“ со Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Деандре Џордан, а доколку на тимот се приклучи и Џејмс Харден, Нетс ќе бидат напаѓачки незапирливи.

2. Голден Стејт Вориорс – шесткратниот шампион е на прагот да се врати на големата сцена по 2018 година. Доколку на Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин им се приклучи Џоел Ембид, западот ќе добие сериозна конкуренција.

1. Лос Анџелес Лејкерс – Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и… Јанис Адетокунбо. Доколку Лејкерс успејат да го придобијат Гркот би биле на работ на совршенството.

Се вчитува...