НБА покренува истрага, Богдановиќ на „удар“

Поради пропаднатиот договор меѓу Милвоки и Сакраменто за Богдан Богдановиќ, НБА лигата покрена истрага околу расветлување на случајот.

Американските медиуми пренесоа дека Богдановиќ е веќе нов член на Милвоки, но бидејќи Србинот е ограничено слободен кошаркар тој со другите тимови може да преговара дури откако ќе почне преодниот рок.

Двата тима сега се обидуваат да се оправдаат откако ги прекршија правилата како би избегнале казна, но НБА очекувано покрена истрага затоа што е забрането да се преговара со кошаркарите пред преодниот рок.

Официјалниот преоден рок почнува денеска, поради што Милвоки, Сакраменто и Богдановиќ не смееја да имаат досега никакви преговори ниту потпис за идна соработка.

Се вчитува...