НБА трансфери: Богдановиќ во Милвоки, Крис Пол во Феникс…

Отворањето на преодниот рок веднаш значеше и преселба на неколку врвни кошаркари по договорените „трејдови“ меѓу екипите. Богдан Богдановиќ си заминува од Сакраменто и кариерата ќе ја продолжи во Милвоки, како соиграч на Јанис Адетокумбо во обид овој клуб да се вмеша во трката за титулата. Србинот најпрвин ќе потпише нов договор со Сакраменто, по што веднаш ќе биде испратен во Милвоки заедно со Џастин Џејмс во размена за Илијасова, Вилсон и Дивиченцо.

Дека Милвоки не се шегува потврдува и фактот дека покрај Богдановиќ договорен е и трансферот на Џру Холидеј од Њу Орлеанс, кој пристигнува во размена за Бледсо, Хил и три избори на следните драфтови.

Крис Пол не се задржа премногу долго во Оклахома Сити, откако искусниот плејмејкер реши да ја продолжи кариерата во Феникс. Оклахома заедно со Пол во Феникс го испрати и Надер, а во размена за него ги доби Рики Рубио, Џером, Оубр и Лек.

Сан Антонио заврши одлична работа задржувајќи го ДеРозан, кој ја прифати опцијата за нов едногодишен договор за 27 милиони долари.

Се вчитува...