НБА трансфери: Ибака повторно кај Ленард, поранешен шампион го засили Бостон

Серж Ибака се одлучи да го напушти Торонто Репторс и да ги засили Лос Анџелес Клиперс, пренесуваат американските медиуми. Искусниот центар повторно ќе се спои со Кавај Ленард со кого во 2019 година со Торонто Репторс успеаја да стигнат до титулата во НБА лигата.

Тристан Томпсон кој со Кливленд во 2016 беше шампион е ново засилување на Бостон Селтикс. Тој со тимот од Бостон потпиша двогодишен договор. Кентавиус Калдвел Поуп останува верен на Лос Анџелес Лејкерс и во следните три години, откако стави потпис на нов договор вреден 40 милиони долари.

Од поинтересните потписи за издвојување е и Фред Ванвлит кој останува во Торонто, Хејворд во Шарлот Хорнетс, како и Раџон Рондо кој премина во Атланта Хоукс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SportsCenter (@sportscenter)

Се вчитува...