Легендарниот кошаркарски работник Лени Вилкинс кој беше примен во Кошаркарската куќа на славните и како играч и како тренер, почина на 88 години.
Во 15-годишна играчка кариера, Вилкинс беше девет пати на Ол-стар натпреварот и двапати ја предводеше лигата по број на асистенции. Вилкинс беше играч-тренер четири сезони, три со Сиетл Суперсоникс и една со Портланд Треилблејзерс, пред целосно да се занимава со тренерска работа. Тој ги предводеше Соникс до титулата во НБА во 1979 година и беше тренер на годината во 1994 година.
Вилкинс стигна до 1.332 победи во НБА како тренер, трет најдобар на сите времиња – водејќи ги на Сиетл, Портланд, Кливленд, Атланта, Торонтои Њујорк Никс пред да се пензионира во 2005 година. Тој беше на клупата на НБА тим 2487 пати што е најмногу во историјата на НБА. Тој исто така освои златен олимписки медал како тренер на репрезентацијата на САД во 1996 година.
Тој е еден од само петмината мажи кои се примени во Кошаркарската сала на славните на Нејсмит како играч и како тренер, заедно со Џон Вуден, Бил Шарман, Том Хајнсон и Бил Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

