Реал Мадрид ги загуби сите трофеи оваа сезона и веќе крои планови за следната. Тренерот Зинедин Зидан го склопува мозаикот за нови засилувања, а покрај Еден Азар, Кристијан Ериксен, Пол Погба и Садио Мане на неговата листа на желби се наоѓа и францускиот фудбалер Тангај Ндомбеле. Според шпанските медиуми, претставници на играчот за врска на Лион веќе биле во Мадрид и имале првични преговори со раководството на „кралскиот клуб“.
Реал Мадрид е подготвен да плати 40 милиони евра за ангажман на Ндомбеле, кој треба да биде освежување во средниот ред на тимот за следната сезона. Од „Сантијаго Бернабеу“ најверојатно по завршувањето на сезоната ќе си заминат Тони Крос и Лука Модриќ.
Сериозен интерес за Ндомбеле покажува и Јувентус, кој сака да го ангажира овој фудбалер во случај на заминување на Миралем Пјаниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА