Не бил залудно сменет: Едерсон ги пропушта последните два натпревари

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон ќе ги пропушти последните два натпревари за својот тим, во кои може да ги освои двете титули. Едерсон нема да брани против Вест Хем на последниот натпревар од Премиерлигата, како и финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

Едерсон беше заменет на натпреварот со Тотенхем, кога доби удар од Ромеро. Првично, Едерсон беше лут кога беше заменет, но потоа лекарските прегледи покажале дека има фактура на окото по ударот. Оваа вест ја потврди и самиот клуб.

Голман на последните две средби на Сити ќе биде Стефан Ортега, „скриениот“ јунак на мечот со Тотенхем, кој ги одбрани сите седум обиди на противникот откако го замени Едерсон.

Се вчитува...