Не било до Мурињо – Пораз на Тотенхем од Астон Вила (ВИДЕО)

Тотенхем загуби од Астон Вила на домашен терен со 1-2 во натпревар од 37. коло во англиската Премиер-лига. Домаќините поведоа со голот на Бергвајн во осмата минута, по што следуваше „мајсторскиот автогол“ на Регулион во 20. со кој гостите израмнија на 1-1.

Конечните 1-2 ги постави Воткинс во 39. минута. Во останатите мечеви од понудата од 19 часот Евертон славеше со минимални 1-0 над Вулверхемптон, додека со истиот резултат славеше Њукасл над Шефилд Јунајтед.

 

 

 

Се вчитува...