Не е само коронавирусот проблем: Ф1 и Силверстоун се раскараа за пари

Трката за Големата награда на Велика Британија е доведена во прашање, но не поради коронавирусот и кризата предизвикана од него како со десетте други откажани или одолжени трки, туку поради пари. Ф1 планира на Силверстоун да бидат одржани две трки, но организаторот на британското Гран-при бара премногу пари. Наводно за двете трки на оваа патека од Ф1 биле побарани 15 милиони фунти, сума кој сопствеништвото на Формула 1 нема намера да ја плати.

Понудата за Силверстоун од Ф1 била надмоест за сите напрвени трошоци за организација како и одредена компензација за загубата од непродаени билети како и за загубите бидејќи нема да може да се издаваат лиценци на кленти кои би продавале или рекламирале поизводи за време на трката.

Од Формула 1 засега одбиваат да коментираа за проблемот, додека портпаротлот на Силверстоун вели дека организаторите и Ф1 остануваат во преговори за реализација на трките. Германската патека Хокенхајм е прв избор за замена за Силверстоун ако не биде постигнат договор. Италијанската Имола е избор број два.

 

 

 

Се вчитува...