Не го отпишувајте Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид во драматичен натпревар успеа да слави со 3-2 над тимот на Селта, со фантастичен пресврт стигнувајќи до цел плен на оваа средба на „Висенте Калдерон“. На само пет минути до крајот гостите од Виго водеа со 1-2, но потоа Караско и Гризман го разбудија заспаниот џин од Мадрид и му донесоа огромни три бода, со кои Атлетико останува меѓу четирите најдобри тима во Примера дивизион.

Диего Симеоне долго време имаше за што да им биде лут на своите избраници, откако голманот Моја со несмасна интервенција му подари водечки гол на гостинот преку Кабрал. Фернандо Торес со прекрасен гол веќе во 11. минута израмни на 1-1, а екс-голгетерот на Ливерпул и Челси од херој се претвори во трагичар откако во 30. минута не реализираше пенал (неговиот удар од 11 метри заврши во гредата).

Како и многу пати претходно сезонава, Атлетико не успеа да го наметне сопственото темпо, а како што одминуваше времето, така немоќта на актуелниот европски вицепрвак стануваше се поголема. Гвидети промаши зицер во 76. минута, но шведскиот напаѓач две минути подоцна не згреши, откако со прецизен удар од петнаесетина метри го круниса одлично организираниот контранапад на гостинскиот клуб.

Многумина ги отпишаа, но „јорганџиите“ успеаја да се вратат и да покажат зошто се актуелни вицепрваци во Лигата на шампионите. Најпрвин Караско со прекрасен волеј удар израмни на 2-2 во 86. минути, а неполни две минути подоцна пресвртот беше комплетиран, Гамеиро ја спушти топката за Гризман, а најдобриот фудбалер на Атлетико биеше прецизно од работ на петерецот за ерупција од воодушевување на „Висенте Калдерон“.

[youtube id=”2xFhjyVospw” width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”86_1m3sd1nY” width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”RidnJyg_4NQ” width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”HjqPRPlEQGw” width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”6CVlX_qXpgY” width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”Kfm90l3_xpI” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...