„Не можете да играте тенис со една нога“

Повредите му ја уништија кариерата, а откако дефинитивно заврши со играњето тенис, Хуан Мартин Дел открива дека се уште има големи здравствени проблеми.

Дел Потро се прости од тенисот во февруари во неговиот Буенос Аирес.

„По многубројните операции и третмани, сфатив дека враќањето на тенисот е речиси невозможно. Дојдов во Буенос Аирес, тренирав практично со една нога. Мислам дека беше спектакуларно. Дома, со мајка ми на терен, со сестра ми, со луѓе. Денес, се што ми треба е добар третман. Здравјето ми е приоритет. Живеам поинаков живот, имам други цели, барам лекари и грижа за да можам да се качувам по скали без да се потпирам на оградата. Тоа е мојата реалност. Не можеш да играш тенис со една нога“, изјави Дел Потро. 

Дел Потро во кариерата освои 22 трофеи, а во 2018 година стигна до 3. место на АТП листата.

Се вчитува...