„Не му зборував две години на Зидан откако го удри Матераци, од нервоза испушив 250 цигари за 10 минути…“

Зинедин Зидан се збогуваше од фудбалот со црвен картон во финалето на СП 2006 против Италија. Извонредна кариера ја заврши со црна дамка, кога со глава во гради го удри Марко Матераци во финалето и доби исклучување.

Неговиот потег е неразбирлив за соиграчот од репрезентацијата и поранешен играч на Баерн, Вили Сањол кој со него потоа не зборувал две години.

„По мечот Зидан се извини во соблекувалната. Јас тоа извинување не го прифатив, не сакав воопшто да разговарам со него. Едноставно не беше време. Да, бидам искрен се сокрив во соблекувалната и од нервоза испушив 250 цигари за 10 минути. Со Зидан не разговарав две години. Сепак, во 2008 година се женев и мојата сопруга ме наговори да го викнам на свадбата. Тоа и го направив, разговаравме и решивме се“ – вели Сањол.

Сањол за Баерн Минхен играше девет години, а потоа извесен период го предводеше тимот и од клупата откако во 2017 година отказ доби Карло Анчелоти. Но, неговата тренерска работа траеше само осум дена.

Се вчитува...