„Не разбирам што се случува во главата на Новак“

Поранешниот руски тенисер, Николај Давиденко говореше за сите проблеми со кои се соочи годинава еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Србинот, Новак Ѓоковиќ.

Русинот беше на страна на Новак, кога беше во притвор во Австралија, но не разбира што сака да постигне со сето тоа.

„Не разбирам што сака да направи. Го подржував, но беше тој против цела земја, против цел свет. Нема врска дали си број еден или не, но штом слета во Австралија знаев дека нема да игра. Некогаш не разбирам што се случува во неговата глава. Обично Србите и Русите имаат сличен менталитет, но ми се чини дека Новак некогаш е Германец, некогаш Италијанец“, изјави Давиденко. 

Се вчитува...