Арсенал не успеа во главната мисија – да го убеди Винисиус да дојде меѓу „топчиите“, но лондонскиот клуб денеска ќе комплетира друг исклучително важен трансфер.
Бруно Гимараеш ќе биде нов член на актуелниот англиски шампион откако бразилскиот играч за врска ги мина и лекарските прегледи и сега се чека само на официјалната промоција од страна на „топчиите“. Бруно беше желба на Микел Артета од самиот почеток на преодниот рок, преговорите беа оставени за по завршувањето на мундијалот, а по две неуспешни понуди „топчиите“ на крајот најдоа заеднички јазик со Њукасл, договарајќи трансфер за загарантирани 75 милиони фунти плус клаузули.
Гимараеш од претходно ги имаше договорено личните услови, Бразилецот доби зелено светло да го напушти тренинг-кампот на Њукасл и да замине на лекарски прегледи во Лондон, по што го стави и својот потпис на петгодишниот договор со „топчиите“.
Следен приоритет за Арсенал е ангажман на нов дефанзивец по повредата на Салиба. На врвот на листата со желби е англискиот репрезентативец Конса, но проблем за „топчиите“ е што Астон Вила бара 60 милиони фунти за овој одбранбен фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
