Не се откажува: Роналдо се уште ќе игра за Португалија!

Жорже Жезус го објави првиот список откако ја презеде функцијата селектор на Португалија. Како што се очекуваше, Кристијано Роналдо е на списокот. Капитенот кој има 41 година се уште не планира да се повлече и покрај слабиот настап летово на Светското првенство.

Практично нема промени во споредба со списокот на играчи што Роберто Мартинез ги водеше на Светското првенство.

Португалија игра против Велс (24.9, дома), Норвешка (27.9, на гости), Данска (1.10, на гости) и против Норвешка (4.10, дома).

Се вчитува...