Неуспешен обид на жена да се врзе за мрежата во финалето во Хале (ВИДЕО)

Хуберт Хуркач успеа да слави голема победа над првиот тенисер на светот, Данил Медведев и го освои турнирот во Хале.

Полскиот тенисер одлично му парираше на фаворитот и успеа во целост да го неутрализира, а финалето дополнително беше одбележано и по инцидентот кој што се случи во финишот од првиот сет.

Тоа беше момент кога една жена истрча на теренот и се обиде да се врзе за мрежата, но не успеа во таа намера, откако oбезбедувањето реагираше навремено и ја отстранија од стадионот.

 

Се вчитува...