Нејмар и Кавани – „два рога во една вреќа“… (ВИДЕО)

Нејмар побегна од Барселона не сакајќи во каталонскиот клуб во текот на целата кариера да биде во сенка на Лионел Меси.

Во ПСЖ пристигна желен да биде лидер на тимот со кој ќе атакува на европски и светски титули. Но, во Париза очигледно ќе има проблем со „староседелци“ кои исто така не дозволуваат некој така лесно да им се наметне… Така беше и на синоќешниот натпревар на ПСЖ против Сент Етјен.

Интересна ситуација се случи при изведувањето на пеналот. Кавани сакаше да го изведе пеналот, по што му пријде Нејмар кој исто така имаше намера да шутира од белата точка. Но, уругвајскиот интернационалец не му го допушти тоа… За Нејмар не беше сето тоа пријатно, но мораше да се согласи…

#neymar wins #penalty #cavani makes #goal #psg… by goloviliga

Се вчитува...