Нејмар призна: Минатото лето бев многу блиску до враќање во Барселона

Напаѓачот на ПСЖ НЕјмар, откри дека минатото лето бил многу блиску до враќање во Барселона. Бразилецот потврди дека неговиот татко бил во преговори со „Каталонците“ за негов „кам-бек“ на „Ноу Камп“.

„Сакав да го напуштам ПСЖ, но не поради клубот или поради навивачите. Туку поради тоа што се чувствував подобро на друго место“, рече Нејмар во документарецот за „Нетфликс“.

Долго време се шпекулираше со враќање во Барселона на Нејмар. Дури и беше едно време виден во Барселона, со што навивачите беа во транс. СЕпак, многу брзо потоа стигна и „шок“ со заминување на Лионел Меси токму кај Нејмар во ПСЖ.

Се вчитува...