Нејмар се правда: Не глумев, многу ме заболе…

Нејмар одигра одличен меч против Мексико со гол и асистенција предводејќи го Бразил до место во четвртфиналето, но по мечот акцент беше ставен на неговиот однос и обидот да се изнуди исклучување по стартот на Лајун. Двајцата фудбалери се најдоа крај аут-линијата, кога Лајун го згазна Нејмар по ногата, а бразилскиот ас почна да се превртува по теренот барајќи санкција за противникот. Мексиканскиот селектор го нарече Нејмар „зло за фудбалот“, критики пристигнуваа од сите страни, но асот на ПСЖ е дециден дека не стануваше збор за глума.

Сите ме критикуваат, се зборува се и сешто, но тоа не беше глума. Бевме крај аут-линијата, немаше потреба од дуел, а Лајун ме згазна. Многу ме заболе, затоа реагирав на таков начин. Тоа е вистината, без оглед што се пишува на оваа тема. Мексиканците играа грубо, многу зборуваа и провоцираа пред натпреварот, но ете – сега се спакуваа и си заминаа дома“ – изјави Нејмар.

Тој ќе биде главен адут на Бразил и на четвртфиналниот дуел од СП 2018, што „кариоките“ в петок во 20 часот ќе го играат против селекцијата на Белгија.

Се вчитува...