Нејмар си има бразилско друштво во ПСЖ, го одработи првиот тренинг

Бразилскиот ас Нејмар денеска беше претставен пред јавноста како ново засилување за Пари Сен Жермен, а вечерва го одработи и првиот тренинг со своите нови соиграчи. Тренерот Унаи Емери доби огромно засилување пред самиот старт на сезоната, а Нејмар веќе си има старо добро познато бразилско друштво и меѓу „светците“. Тука му се Дани Алвеш, Лукаш Моура, Тијаго Силва…

ПСЖ утре го првиот меч од новата сезона во француското првенство и на домашен терен ќе го пречека Амиен. Се уште не е познато дали Нејмар ќе заигра на овој дуел.

 

Се вчитува...