Шокантни вести пристигнаа од Соединетите Американски Држави во средата навечер кога кошаркарот на Њујорк Никс, Малколм Брогдон, одеднаш одлучи да ја заврши кариерата!
Плејмејкерот кој некогаш ја доби наградата „дебитант на годината“ и „шести играч на годината“ се пензионираше од кошарката помалку од една недела пред почетокот на сезоната 2025/26.
Како што објавија локалните медиуми, добро упатени во состојбата на Никс, Брогдон бил физички и психички исцрпен и истрошен во текот на својата деветгодишна кариера, и затоа решил да се пензионира.
Во НБА, тој играше за Милвоки Бакс, Индијана Пејсерс, Бостон Селтикс, Портланд Треил Блејзерс и Њујорк Никс, за кои играше само предсезонски натпревари и се пензионираше пред почетокот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

