Нема дилеми кој испаѓа од Премиер-лигата

На едно коло до крајот на сезоната во Премиер-лигата веќе нема дилеми околу патниците во Чемпионшип-дивизијата, по поразите што денеска ги претрпеа Лутон и Барнли. Шефилд Јунајтед од претходно беше испаднат, но денешните неуспеси на Лутон и Барнли значат дека Нотингем Форест ќе успее да се спаси, ако се знае дека „шумарите“ имаат меч помалку и три бода предност пред Лутон на 17. место кое значи опстанок, но и 13 гола подобра гол-разлика од директниот конкурент.

Лутон имаше предност по првото полувреме на гостувањето против Вест Хем, но „чеканите“ со супериорно издание во вториот дел успеаја да стигнат до триумф од 3-1. Ворд Прауз израмни на 1-1, по што следеа прецизни обиди на Соучек и на Ерти за триумф на Дејвид Мојес на последниот домашен меч како менаџер на Вест Хем.

Барнли загуби со 2-1 на гостувањето со Тотенхем, уште еден меч на кој аутсајдерот прв поведе, но „спарси“ од бројните шанси постигнаа два гола со погодоците што ги постигна дефанзивците Поро и Ван де Вен.

Тотенхем со оваа победа го осигура петтото место на табелата откако Њукасл ремизираше со 1-1 на домашен терен против Брајтон.

Се вчитува...