Нема државна парична награда за руските фудбалери

Руската фудбалска репрезентација постигна повеќе од очекувањата на Мундијалот кој што го игра на домашен терен. Русите обезбедија место меѓу осумте најдобри и в сабота ќе се соочат со Хрватска. Сепак, ова не е доволно државата  парично да ги награди. Фудбалерите ќе добијат награда само од федерацијата која пак за пласманот на националниот тим во четвртфиналето од ФИФА инкасираше 16 милиони евра.

Оваа информација, дека Владимир Путин нема да ги награди фудбалерите за постигнатиот резултат, делува по малку изненадувачки бидејќи е познато дека токму претседателот доделува сериозни премии, па дури и луксузни автомобили за освоени олимписки одличја.

Дел од државите чии репрезентации учествуваа или и натаму се дел од Мундијалот имаат одредено високи парични награди за евентуални забележителни резултати на националните селекции.

Се вчитува...