Нема крај на бламажата: Тен Хаг почна да избегнува и новинарски прашања (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед одново потфрли на натпревар во Премиерлигата ремизирајќи со 2-2 на гостувањето на „Виталити“ против Борнмут. За „црвените ѓаволи“ тоа е четврт натпревар во низа без победа со што повторно го доведоа во прашање настапот во европските натпреварувања следната сезона.

Славниот англиски клуб во моментот е на седмата позиција на табелата, а доколку падне под неа на крајот на сезоната тоа ќе ја означи и најлошата сезона во историјата на клубот бидејќи Манчестер Јунајтед никогаш досега не ја завршил сезоната под седмото место.

Тренерот Ерик тен Хаг на прескоференцијата за медиуми доби прашање што мисли за тоа, но одби одговор, демонстративно напуштајќи ја салата.

Овој потег на Холанѓанецот наиде на остра критика во англиската јавност.

Се вчитува...