НЕМА КРАЈ НА ЛУДИЛОТО: Партизан објави дека е раскинат договорот со Обрадовиќ, па го избриша соопштението

Целата сапуница поврзана со Желимир Обрадовиќ нема крај. Од час во час се менуваат информациите за тоа дали трофејниот тренер и ќе остане во клубот од Хумска или не.

Од Партизан излегоа со соопштение дека дефинитивно се разделуваат со Обрадовиќ, но само неколку минути подоцна ова соопштение беше избришано. Во меѓувреме симпатизери на Партизан се собираат пред салата каде кошаркарите имаат тренинг.

Тие скандираат против претседателот на Партизан, но и против претседателот на Србија Александар Вучиќ и му даваат голема поддршка на Желимир.

 

Се вчитува...