Нема крај на мизеријата на Ливерпул: И Хал се нареди, за „црвените“ до „гуша во кал“!

Продолжува мизеријата на Ливерпул и во Премиер лигата, по елиминацијата и во ФА Купот. „Црвените“ во 24. коло од Премиер лигата и петти едноподруго натпревар се без триумф, овој пат запишувајќи пораз од 2-0 на гостувањето против претпоследниот тим во лигата, Хал.

Триумфот на домашните беше најавен преку Н’Диаје во 44. минута од средбата, а поразот на четата на Јирген Клоп им го запечати Ниасе во 84. минута.

Baye Omar Niasse Goal HD – Hull City 2-0… by Livee1Goals

Славен Билиќ, пак, си купи очигледно уште време да остане на клупата на Вест Хем откако славеше на гостувањето против Саутемптон со 1-3. Иако Саутемптон дојде до водство со голот на Габиадини во 12. минута, сепак потоа Вест Хем уште во првиот дел со два гола дојде до предност, која беше зголемена во второто полувреме.

Најефикасниот меч денеска се одигра во Ливерпул, каде Евертон славеше со убедливи 6-3 против Бурнемаут.

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО

Челси – Арсенал 3-1

Кристал Палас – Сандерленд 0-4

Хал – Ливерпул 2-0

Евертон – Бурнемаут 6-3

Саутемптон – Вест Хем 1-3

Ватфорд – Барнли 2-1

ВБА – Стоук 1-0

Тотенхем – Мидлсборо (18:30 ч.)

ТАБЕЛА: Челси 59 бода, Тотенхем(-1) 47, Арсенал 47, Ливерпул 46, Манчестер сити(-1) 46, Манчестер јунајтед(-1) 42, Евертон 40, ВБА 36,…

Се вчитува...