Нема крај на „пречките“: Ла Лига најави истрага на договорот на Чави со Барселона

Само неколку часа по официјалното назначување на Чави во Барселона, челниците на Ла Лига најавиле дека ќе го испитуваат договорот на новиот тренер со „Каталонците“. Чави минатите шест години ги мина во катарскиот Ал Сад, прво како играч, а потоа како тренер.

Имаше договор со овој тим, но Ал Сад и Барселона после неколкудневни преговори успеаја да се договорат, па утрово Барселона потврди дека Чави ќе биде новиот тренер.

Тоа ги воодушеви навивачите, но набрзо стигна и „ладен туш“ со што ќе продолжи „сапуницата“ наречена Чави во Барселона.

Марка објави дека првиот човек Ла Лига, Хавиер Тебас им порачал на челниците на Барселона дека детално ќе го истражи враќањето на Чави во Барселона. Тој ќе направи ригорозна истрага за да се види дали има неправилности во крешњето на финансискиот фер-плеј.

Доколку бидат пронајдени неправилности, тоа ќе биде голем проблем за Барселона, кој и онака мака мачи со финансискиот фер-плеј.

Се вчитува...