Нема одмор: Веднаш почнува осминафиналето, ова се сите двојки

Првата фаза од нокаут натпреварувањето на СП 2026 заврши со утринскиот дуел меѓу Колумбија и Гана, а распоредот без празен ден во програмата продолжува експресно, со два меча од осминафиналето на овој мундијал.

Програмата ќе ја отвори Мароко против ко-домаќинот Канада, со тоа што дуелот нема да се игра во Каната, туку во САД (бидејќи Канаѓаните не завршија како првопласирани во својата група).

Вечерашната програма ќе ја комплетира дуелот меѓу Франција и Парагвај, на кој јужноамериканската селекција ќе се обиде да приреди уште една сензација откако во претходната рунда славеше над Германија.

Распоредот вели дека од денеска па се до вторник на програмата ќе бидат по два меча, а особено атрактивно делуваат оние утрешните, најпрвин Бразил ќе се сретне со Норвешка, пред ко-домаќинот Мексико на домашен терен да ја предизвика Англија.

Се вчитува...