Денвер Нагетс по освоената титула во сезоната 2022/23 не успеаја да ги задржат дел од клучните играчи кои даваа голем придонес од клупата во составот па и покрај тоа што на теренот повторно заедно играа Јокиќ, Мареј и Потер тимот од Колорадо не беше ни блиску до повторување на најголемиот успех во клупската историја.
„Алармот“ беше вклучен минатата сезона во која отказ доби тренерот Малоун, а летото искористено за бројни промени во ростерот и нови засилувања од кои се очекува со квалитетот да го вратат Денвер во шампионскиот поход. Но, засилувањата носат и дополнителен притисок за кој пишуваат и американските медиуми.
„Во тимот повеќе го нема Мајкл Портер Џуниор, кој свушност беше „О Боже“. Го нема Мајк Малоун кој стана бесен поради тоа што доби отказ. Денвер со трејдовите и ангажманите доби се што му е потребно за поход кон нова титула. Јокиќ сега во составот има дури пет играчи кои покрај него се наоѓаат меѓу 100-те најдобри во првенството. Нема повеќе изговори за Денвер и Јокиќ да не освојат титула“, пишува „Денвер Пост“.
Новата сезона во НБА лигата започнува на 21. октомври, а предсезоната веќе на 2. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

