Нема спас за Барди и Леванте, пораз и од Хетафе

Леванте се наоѓа чекор поблиску до испаѓање од Примера дивизион откако тимот на Енис Барди вечерва претрпе уште еден пораз, на гостувањето против Хетафе со 3-0.

Двата тима долго време се мачеа во резултатска криза, со таа разлика што Хетафе успеа да се разбуди, додека Леванте продолжи да тоне, закован на дното на табелата. Домаќините одлично го отворија мечот со гол уште во првата минута преку Унал, истиот фудбалер во првото полувреме зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 во самиот финиш ги постави Алења.

Барди беше стартер за Леванте, но македонскиот репрезентативец беше заменет во 67. минута, при негатива на неговиот тим од 2-0.

Леванте е убедливо последен на табелата во Ла Лига со само единаесет бода, дури девет помалку од Мајорка, која е во „сигурната зона“ на 17. позиција на табелата.

Се вчитува...