Нема услови на „Монументал“, ново одложување на мегадербито Ривер – Бока

Фудбалските фанови кои сакаа(т) да уживаат во Супер Класико, дерби пресметката меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс, сепак, „немаат среќа“. Повторно е одложен, но тоа не значи и комплетно откажан, вториот натпревар од финалето на Копа Либертадорес.

КОНМЕБОЛ одговори потврдно на барањето на Бока јуниорс за ново одложување на финалето, поради тоа што дел од фудбалерите се уште чувствуваат последици по синоќешниот напад на нивниот автобус. Фановите на Ривер Плата фрлија солзавец, а потоа имаше мачни сцени и во подтрибинскиот простор на стадионот „Монументал“.

„На „Монументал“ во моментот нема услови за безбедно одигрување на реванш мечот од финалето на Копа Либертадорес. Заедно со клубовите ќе најдеме друг термин за одигрување на мечот“, изјави Алехандро Гомез, претседателот на КОНМЕБОЛ.

Одлуката е донесена и по согледување на повредите на фудбалерите на Бока јуниорс. Пабло Перез по повредата на окото добил строга закана од докторите да игра фудбал. Најверојатно новиот меч ќе се одигра на 8 декември.

 

Се вчитува...