Немојте да го отпишувате – Ѓоковиќ славеше во епски меч против Зверев (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека никогаш не смее да биде отпишан. Тој денеска стигна до 32 победа во низа на турнирот во Пекинг и се пласираше во полуфиналето.

Во четвртфиналето Србинот направи изненадување славејќи против тенисерот со најдобра форма во моментов Александер Зверев со 2-1, по сетови 4-6, 6-4 и 6-4.

Во полуфиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има Русинот, Данил Медведев.

Се вчитува...