Ненад Бјелица нов тренер на Фенербахче!?

Хрватскиот стратег Ненад Бјелица, кој неодамна доби отказ од Динамо Загреб, е блиску да ја преземе клупата на турскиот гигант Фенербахче.

И покрај проблемите со ситуацијата со коронавирусот, турскиот тим силно го посакува Бјелица како нов шеф на стручниот штаб па итно ќе биде испратен приватен авион во Австрија на финални преговори со Хрватот.

„Точно е дека разговараме, но во овој момент тоа е се што можам да кажам“ – вели Бјелица за хрватски „Индекс“.

Турците посакуваат до крајот на оваа недела да ја решат ситуацијата околу новиот тренер на клубот.

Се вчитува...