Ненад Димитријевиќ повторно е позитивен на коронавирус

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ го очекува нова пауза од терените откако нашиот интернационалец беше позитивен на последното тестирање на коронавирус.

Информацијата ја сподели неговиот клуб Валенсија, потврдувајќи дека Македонецот нема да биде во комбинација за настап за вечерашниот дуел од Еврокупот против Бурсаспор.

„Последните тестирања пред мечот против Бурса покажаа дека Ненад Димитријевиќ е позитивен на коронавирус. Следејќи ги здравствените протоколи, овој кошаркар се наоѓа во изолација во неговиот дом и се наоѓа во добра состојба“, објави Валенсија.

Димитријевиќ одлично ја почна сезоната во дресот на новиот клуб, но потоа следеше незгодна повреда поради која Македонецот мораше да отсуствува речиси два месеци од терените.

Ова е вторпат плејмејкерот да биде позитивен на коронавирус, откако тоа беше случај во ноември 2020 година, пред „балонот“ за настап на македонската репрезентација во квалификациите за Евробаскет 2021.

Се вчитува...