Непромислен потег на најновото засилување на Шкупи…: Шамрок од пенал води во Даблин (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Шкупи има негатива на гостувањето против Шамрок Роверс уште во раната фаза од натпреварот од 3. квалификациско коло во Лига Европа.

Шамрок поведе уште во 12. минута со гол од пенал на Грахам Бурк.

А, ударот од белата точка кој го добија домашните беше во суштина непромислен потег на најновото засилување на Шкупи, Алберт Диене кој апсолутно непромислено стартуваше во ситуација кога сигурно на коректен начин не можеше да го запре противничкиот фудбалер.

Се вчитува...