Нереди во Франција по загубеното финале, уапсени 227 лица (ВИДЕО)

Нереди низ Франција по загубата во финалето на Светското првенство во Катар. „Триколорите“ не успеаја да ја одбранат светската круна, откако загубија на пенали 4-2 од Аргентина, откако во регуларниот дел беше 2-2, а во продолженијата 3-3.

Вкупно 227 лица се уапсени низ цела Франција, од кои 47 во Париз за време на судирите кои се случиле по завршувањето на финалниот меч.

Над 14.000 полицајци и жандармери беа распоредени низ целата земја за време на финалниот меч за да се спречат инциденти. Нереди имаше и после 1/4 финалето со Англија, а после полуфиналето со Мароко едно момче го загуби животот.

Врз полицијата на најпопуларната улица Шанзелизе беа фрлани трврди предмети, по што мораше да биде употребен и солзавец. Меѓу уапсени лица е и едно 14-годишно момче кое пукало огномет кон полицијата.

Се вчитува...