Вељко Пауновиќ ќе има многу проблеми да ја разбуди селекцијата на Србија, стана јасно тоа и по денешниот дуел со Холандија на кој нашиот северен сосед претрпе пораз на домашен терен со 1-2, продолжување на „црната серија“.
Србите со овој пораз одбележаа неславен рекорд, за првпат во историјата губејќи на три меча во низа на домашен терен во Белград. Избраниците на Пауновиќ одиграа подобро откоолку пред неколку дена со Грција, но сепак не успеаја да стигнат барем до бод против „лалињата“ предводени од Чави, кој токму во Белград ја прослави својата прва селекторска победа во кариерата.
Најзаслужен беше Mердинк, кој стрелаше од пенал за 0-1, а откако Јовиќ во вториот дел израмни на 1-1, Мердинк беше стрелец и на вториот, победнички погодок за Холандија.
Данска целосно доминираше и заслужено славеше против Велс со 2-0. Отпорот на гостите беше скршен во второто полувреме кога беа постигнати трите погодоци, делo на Дејвис (автогол) и на Исаксен.
Австрија рутински ја одработе задачата против Косово, славејќи со 3-1. Домаќините имаа предност од 3-0 со головите на Афенгрубер, Адаму и Чуквуемека, а се што направи Косово до крајот беше почесниот погодок на Жегрова од пенал во 83. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
