Неславна епизода: Шевченко доби отказ од Џенова!

Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко имаше неславна епизода на клупата на Џенова.

Денеска и официјално Џенова му врачи отказ на Шевченко кој не се снајде најдобра по доаѓањето во италијанскиот клуб, па заминува по само два месеци работи.

На 11 натпревари под водство на Украинецот, Џенова запиша само една победа, со три ремија и седум порази.

Според информациите од Италија, тимот на Горан Пандев привремено ќе биде предводен од Абдулај Конко и Роберто Мурџита.

Се вчитува...