Несмасниот старт на Младеновски предизвика тензија на дербито во Тетово (ФОТО)

Без многу фудбалски возбудувања на дерби натпреварот од 9. коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Вардар во Тетово. Но, затоа пак тензии и судир меѓу фудбалерите на двата тима на раб на инцидент во 35. минута.

Младеновски несмасно стартуваше над Тотре со високо подигната нога во глава. Заработи жолт картон од главниот судија, но домашните фудбалери бараа директен црвен картон поради што се создаде нервоза и мешаница на теренот… На крајот Тотре откако доби лекарска интервенција го продолжи дуелот…

На полувремето на дерби пресметката во Тетово е без голови.

 

 

Се вчитува...